Македонија е сè што тие немаат, ама Македонија е сè што ние имаме. Велат дека сме ве носеле во 19-ти век во времето кога сите мислители истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава. Ние кога ја слушаме химната се идентификуваме со неа, со историјата на нашиот народ, а тие како да се срамат и плашат од неа. Срамота. Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.
Нивната филозофија е составена од три збора – кажувам, заборавам, негирам. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме. Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија, рече Силјановска Давкова во Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.