Гласот на дијаспората на претседателските избори скапо ќе ги чини граѓаните. Државата за овој изборен циклус предвидено е да издвои 30 милиони денари или околу пола милион евра за само 1.782 гласачи, односно, секој глас на иселениците ќе чини најмалку 300 евра.
Поради ваквата математика, првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски вели дека е потребна промена на изборниот законик.
На сличен став и дел од експертите. Поранешниот прв човек на комисијата, Александар Новаковски, вели потребни се нови законски решенија, а проблемот го лоцира и во тоа што според него мора да се знае точниот број на гласачи од дијаспората.
Гласањето во дијаспората уште од самиот почеток во 2011 година го следат забелешки, поради излезноста на иселениците на изборите, но и големите трошоци на државата за организирање на избирачки места во кои право на глас остваруваат мал број на лица.
Гласањето за претседателските избори годинава ќе се спроведе во 32 дипломатско-конзуларни претставништва.
За остварување на правото на глас на иселениците, од земјава ќе бидат ангажирани 256 лица за кои треба да се обезбеди превоз, сместување, како и надомест на трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.