Генерално, на повеќето гласачки места ситуацијата е добра, а само на шест избирачки места се гласа на стариот начин, бидејќи не може да се стигне да се смени апаратот, поради тоа што е потребно теренско возило, а станува збор за помал број на гласачи, кажа Даштевски.

Претседателот на ДИК ги охрабри граѓаните да го дадат својот глас непречено и демократски и кажа дека засега излезноста е задоволителна. Тој додаде дека на 11 избирачки места имало прекин на гласањето повеќе од еден час и таму се очекува гласањето да продолжи и по 19 часот.

Во однос на метежот на дел од избирачките места, Даштевски одговори дека тој се должи на почитувањето на ковид протоколите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.