Општинските изборни комисии од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран потврдија дека без проблеми завршило гласањето на пријавените болни, стари и изнемоштени лица во првиот круг од претседателските избори во Македонија.
Во ОИК Гевгелија правото на глас го искористиле 102 лица, во општина Валандово 38 лица се изјасниле за избор на претседател,во Богданци од пријавени 35 правото на глас било искористено од 31 лице и во општина Дојран глаале сите 17 пријавени лица.
Изјаснувањето од првиот круг на претседателските избори сеуште трае во меѓуопштинскиот затвор во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.