Невидениот скандал со над 200 пасоши што им беа дадени на меѓународни мафијашки босови, оштети над 1000 истраги спроведени од различни држави. Експертите проценуваат дека скандалот ги нарушил принципите на Интерпол и го нарушил имиџот на земјата. Мега-скандалот што им обезбеди на криминалците „скриен азил“, ќе биде забележан во сите извештаи на меѓународните институции, вели Лубомир Ѓурчевски, поранешен помошник во МВР, а пренесува Алсат.
Тој смета дека за оваа држава ќе биде многу тешко да ја исчисти таканаречената црна дамка, и вели дека најмалку што може да се направи е да се вклучи ЕУ во расчистување на овој случај.
Ѓурчевски посочи дека според него постапката за издавање пасош не е едноставна и дека не може да ја спроведе само референт па затоа одговорноста треба да ја сноси шефот на министерството за внатрешни, Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.