Еден од основачите на партијата СДСМ, Ѓунер Исмаил во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека кога се појавил сегашниот претседател Зоран Заев тие ја имале СДСМ во полуугасната состојба, која била столчена по сите основи.
Кога Зоран Заев се појави со сета негова сила е нов јазол, најголем дел од нашата генерација веќе не беше активен во ниеден од тие лостови на општествените механизми, и кога се појави еден Зоран Заев ние ја имавме СДСМ во една полу угасната состојба, столчена по сите основи. Знаете наспроти себе го имаше Груевски со сите негови средства со кои располагаше. Единствената цел беше како да ја одржат партијата во опстанок, вели Исмаил.
Тој додава дека кога се појавил Заев се создале нови идеи и нови перспективи за тоа како таа партија да се воздигне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.