Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Првата средба ќе јаима со претседателот Стево Пендаровски во Вилата Водно каде што ќе биде организирана и церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, како што соопштува владината прес служба, следува пленарен состанок на официјалните делегациии заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ. Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев

Откако Пендаровски го доби претседателскиот мандат, ова е прва официјална посета на претседател од друга држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.