Oрце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека според тврдењата и пишувањата на медиумите Ден Дончев бил главата на криминално рекетарска шема за земање на мито од фирми кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за услуги кои ги покрива ФЗОМ.
Ден Дончев, бизнис ортакот на Заев и во содејство на омилениот рекетар на власта Зоки Кичеец спроведувал рекет на територија на Република Македонија, објавија медиумите.
Заев сега спроведува операција за евакуација на Дончев и негов спас. Вистинското прашање е зошто Ден Дончев се крие од јавноста и што точно знае?
Фирмите како што пишуваат медиумите биле уценувани со исплата на кеш пари на рака на Дончев, со цел истите отпосле редовно да се наплатат од ФЗОМ.
Ова е класична злоупотреба на позицијата на најдрзок можен начин. Дончев буквално се однесувал како шериф.
Според податоците изнесени во медиумите доказите за овој мега криминал, кој претставува впрочем скандал пар екселанс ги има во зградата зад нас.
Зошто ЈО се уште молчи и не смее да го повика Дончев на разговор?
Очигледно Дончев е бела мечка за ЈО и со многу го задолжил Зоран Заев кој што впрочем е главата на овој криминален октоподот.
ЈО мора да излезе од сенката на Заев и да покаже дека работи согласно закон. Ден Дончев веднаш да биде повикан на распит и да се отвори соодветна истрага против него. ЈО ќе биде директно одговорно, доколку Дончев си сите сомневања за криминал избега од државата.
ЈО и сите замешани во случајот треба да знаат дека прикривање и помагање на криминал е исто така криминал, дело за кое се одговара согласно закон. Одговорност ќе има за сите и затоа повикуваме на строго почитување на законите во Република Македонија, рече Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.