Криминалната власт на Зоран Заев нема ниту образ, ниту срам. Откако јавноста виде дека директорот на ФЗОМ, Ден Дончев става снопче со пари во својата торба, а во друг разговор вели дека за своите постапки има пас од Зоран Заев, наместо да биде во најмала рака повикан на распит, гледаме дека Владата отпочнала постапка на Ден Дончев да му се даде апанажа. Замислете Дончев фатен со скандал како си ја полни торбата со пари, а Владата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска ќе го награди со цела година апанажа, односно цела година пари од народот!!! Ова, почитувани, е истовремено неправда на Заев на дело, но и забеганос на оваа негова влада, изјави Орце Георгиевски. член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ден Дончев кого јавноста не го видела со месеци е посочуван за сомнителни зделки во случајот „Диамед“, но и во случајот „Муртиногејт“ кај што прво 50 илјади евра, а подоцна и други 80 илјади долари ги добил на име на консултантски услуги, а кои што не ги пријавил во својот анкетен лист.Ако овие, а особено последните материјали не се доволни Русковска обвинителството да превзема чекори, тогаш не знаеме што треба уште да се случи за истиот да биде повикан на распит или пак да биде притворен, како што реално треба да биде. Да потсетиме Дончев е на слобода и доколку уште е во државата, може многу брзо да замине во надвор од досегот на истражните и судските органи во Република Македонија.Патем вчерашниот одговор на Дончев е уште поочаен и со него уште повеќе се заглавува во аферата бидејќи нема одговор зошто става кеш во својата торба, за какви се полициски упади има пас од Зоран Заев и која е улогата на сите овие ликови кои ги споменува во компромитирачките материјали кои што јавноста можеше да ги види?, изјави Ѓорѓиевски
Очигледно дека Заев знаел и ги заштитува нелегалните дејствија на Дончев. Тоа е уште една потврда дека токму Зоран Заев е главата и организаторот на октоподот кој е создаден во државата.Сите овие скандали кои обвинителството под контрола на Заев не сака да ги разреши, да им биде јасно, дека ќе бидат процесуирани професионално во оној момент кога вирусот на корупција, криминал и опустошување наречен Зоран Заев ќе биде поразен на овие избори.Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која постојано ја имаме со Зоран Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народ, вие ќе ја направите разликата, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.