Во текот на ноќта стотина вработени добиле нови решенија за распоредување на нови работни места со цел на техничкиот министер од опозицијата да му се намали капацитетот за битка со криминалот и корупцијата, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Новата илегална систематизација според него била направена и со решенија кои биле изготвени надвор од МВР. Операцијата за доделување решенија за работа при што вработени биле повикувани од дома започнала ноќеска, но трае и во текот на денот.

Криминалец размислува криминално. Се крие и се надева дека ако никој не го види нема да остане трага.

Како што го почна мандатот, така и го завршува. Започна со манипулации и фабрикувани случаи на откриени бланко обрасци за лични документи, а сега завршува со шверцерско делење на решенија на 30 декември, доцна во ноќта. Да беше се чисто, со искрена намера и законски, тоа ќе го направеше многу порано и транспарентно, а не вака на три дена пред заминување.
Вечерва во МВР на големо се “штанцаат” решенија. Дури се говори дека дел од нив не се изготвуваат ниту во праваната служба, туку се носат од “надвор”.

Стотина полициски службеници и поранешни вработени во УБК се повикуваат по полициски станици за да си ги подигнуваат новите решенија. Последна пресметка на Оливер Спасовски со професионалците кои одбиваа да ги реализираат политичките нарачки и да замижуваат пред криминалот штитејќи ги бандитите кои соработуваа со СДСМ.

Како што лагата со бланко документите траеше неколку недели додека не се јави германската компанија со реакција, така и последнава измама со систематизацијата ќе трае до 12 април. Разликата е што за тогашната лага немаше истрага откако ве повлекоа за уши, но за овие разместувања и за обидот да ја минирате работата на техничкиот министер истрага и одговорност ќе има после изборите.
Од законот и правдата нема бегање!!!

Оливер, денес им се заблагодари на твоите соработници што те трпеле, но најголемата цена од твојата неспособност ја платија граѓаните. Нивната безбедност беше нарушена и секој ден гледаа како криминалци им ги преземаат градовите. Затоа граѓаните нема да ти простат, како што нема да ти простат ниту вработените во МВР за ова понижување кое им го приредуваш”, објави Ѓоргиевски за ноќните активности на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.