Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира нови скандали и владеење на криминалот во Република Македонија. Оливер Спасовски ќе остане запомнат како министер кој наместо да се бори, за целиот свој мандат го штитеше криминалот во нашата земја.Нерасчистени убиства, мафијашки пресметки по улиците секојдневни грабежи, и пораст на криминалот како и несигурност кај нашите сограѓани, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Според него, токму Спасовски дозволил Македонија да стане земја во која цвета организираниот криминал и корупцијата. Македонија стана најкорумпирана држава во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа пак граѓани во своите кабинети. Дополнително Спасовски бил,закрилник на лица кои рекетираа и ги носеа фамозните милиони евра во Луј Витон куфери кои никој не откри каде официјално завршија.

Со свој личен пример покажа како се злоупотребува функцијата министер за внатрешни работи. Го именува сопствениот братучед за началник на граничната полиција, а исто така во случајот со набавка на автомобили без тендер од кумановската фирма донатор на СДСМ со пари од чешка донација. Тука исто така беше проследена и скандалозната набавка на пасоши вредна 20 милиони евра, како и скандалот со прислушкувањето во јавното обвинителство кое што никогаш не беше расчистен.

Спасовски беше и е срам за македонската полиција затоа што дозволи да се забошоти случајот кога полицајката наводно се само повреди од пајак, со што директно застана во одбрана на лицата кои ги омаловажуваат и напаѓаат службените лица и за истото тоа остануваа неказнети. Наместо професионализација на полицијата, тој воведе принцип на целосна партизација деградирајќидолгогодишни службеници и на нивно место поставувајќи свои послушници кои наместо борба со криминалот си тераа приватни бизниси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.