Членот на работно тело и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека резултатот е очекуван и логичен со оглед на довербата која реизбраниот лидер Христијан Мицкоски ја ужува меѓу членовите на партијата, но и поддршката која народот и ја даде н апартијата на локалните избори.
„Денеска со завршувањето на овој конгрес, повторно за лидер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше реизбран господинот Христија Мицкоски. Нормално, и во целото членство и помеѓу делегатите Христијан Мицкоски ја ужива огромната доверба. Со самата победа на локалните избори гласовите коишто народот ги насочи према ВМРО-ДПМНЕ, односно со таа поддшка која ни ја даде на локалните избори, воедно покажа дека и курсорот односно кромилото со кое Христијан Мицкоски го управува бродот на ВМРО-ДПМНЕ, значи дека се движи во правилна насока и токму водени од големата победа на локалните избори логички беше да ја дадеме поддршката на Христијан Мицкоски за повторно во наредните четири да може да ја води партијата. Се надеваме дека во најбрзо можно време со едни нови предвремени парламентарни избори ќе има можност да ја води Република Македонија“, изјави Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.