Се сеќавам беше се уште генерален секретар, како партија ги живеевме едни од најтешките моменти, се сретнавме во ходниците на партијата поразговаравме, знаевме дека борбата ќе биде долга и тешка, но си ветивме дека нема да се откажеме бидејќи целта уште тогаш ни беше да живееме во нормална држава, држава со која нашите сoграѓани ќе се гордеат, пишува на Фејсбук, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Понатаму тој вели:
Потоа тој стана претседател во време кога партијата имаше блокирани сметки, кога против голем дел од членовите се водеше прогон како во 40-тите години од минатиот век, кога и се зададоа најтешките удари на Македонија.
Тој остана доследен на идејата, каузата, не потклекна на ниту еден удар, а имаше многу, удари од внатре, удари од надовр, но машки го изоде патот, рамо до рамо со членството и раководството се до конечниот пораз на заевизмот на локалните избори.
Верував во него од првиот ден бидејќи знаеше со што ќе се соочи, но и покрај тоа го зема товарот на себе да ја предводи организацијата во овие мрачни времиња.
Многу мал број луѓе можеме да ги наречеме лидери, но тој е токму тоа бидејќи во ниту еден момент не покажа колебање, на секој протест беше во првите редови, не се криеше по канцеларии и водеше со пример.
Сега кога ВМРО-ДПМНЕ ја превзеде локалната власт сите заедно покажавме дека може поинаку, дека нема оправдување за неработата и неспособноста туку дека постојат суштински разлики помеѓу нас и нив.
Се слушаме по неколку пати во текот на денот, се консултираме и работиме, а тој одблиску ги менаџира сите процеси.
Во само неколку месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски направија повеќе од Владата на Заев во целиот мандат.
Наредното скалило за професорот е премиер на Република Македонија, да покажеме уште еднаш како со работа се сака Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.