Успехот на општествата денес зависи од способноста на локалните средини да се приспособуваат на брзите промени во светот, и од способноста да ја зајакнат сопствената конкурентност, вели Александар Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ.

Потребни се нови иновативни решенија на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Решенија кои ќе донесат подобро утре за сите луѓе. Промени кои ќе донесат реформи и нови проекти. Мојата заложба е внесување на свежина во функционирањето на општина Илинден, како и враќање на довербата кај граѓаните преку креирање на политики кои ќе значат транспарентност, модернизација, борба против корупцијата, граѓанска вклученост и пред се почит кон поединецот, вели тој во неговото видеообраќање.

Општина Илинден во наредниов период ќе биде силна фокусирана на локалниот економски развој и на градење на партнерство со бизнисот за остварување на интересите на граѓаните, ветува кандидатот Ѓорѓиевски.

Зголемена поддршка на бизнис секторот преку развој на инфраструктурата во економските зони, отворање на нови економски зони, поддршка на малите бизниси и младите занаетчии со што ќе се придонесе за развој на општината. И посилна финансиска моќ на граѓаните.

Еден од најголемите фактори во сите модерни европски општини е и професионалната и ефикасна администрација. Која е вистински сервис за граѓаните. Мора да ставиме крај на долгото чекање и незадоволството од комплицираните бирократски процедури. За надминување на овие состојби во мојот мандат ќе работам на создавање на професионална мотивирана и сервисно ориентирана општинска администрација. Нејзина професионализација и експедитивност во решавање на барањата на граѓаните.

Еден градоначалник треба да може да ја спроведе својата визија и програма, мора да ја има и поддршката од Советот на општината, затоа ве повикувам со заокружување на бројот 7 да ја дадете поддршката за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

На 17-ти октомври ги повикувам граѓаните со заокружување на бројот 7 да го дадат својот глас за напредок, да гласаат за проекти, да гласаат за поубав, почист и поразвиен Илинден, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.