Орце Ѓорѓиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ преку видеопорака упати апел до сите оние што ја сакаат Македонија – да купуваме македонски производи, да си помогнеме самите себеси!
Коронавирусот удри по здравјето, но удри и по економијата. Огромни се штетите на македонските компании. Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра. Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство. Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија. Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи. Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси. Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.