Носителката на листата за кандидати за советници во идниот Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, истакна дека заедно со кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски Куманово ќе го направат европско, модерно и просперитетно место за живеење.
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски потенцираше дека чест е да се биде со еден таков тим. Докажани луѓе во своите професии.
„Одиме заедно за наше Куманово, ја бараме вашата поддршка! Излезете масовно и гласајте, за наше Куманово. Поддршката за нас е просперитет за Куманово, одиме во победа!“, порачува Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.