Копретседавачот на македонскиот тим во Мешовитата комисија Драги Ѓоргиев, во пресрет на средбата со бугарските колеги закажана за утре, изрази зачуденост од изјавата на бугарскиот копретседавач Ангел Димитров.
Професорот Ѓоргиев во изјава за Радио Слободна Европа вели дека во пресрет на средбата очекува дека членовите на Комисијата ќе се однесуваат професионално и академски.
Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо. Ако однапред се бараат оправдувања за неуспех на средбата тоа секако нема да придонесе кон реализација на нашите заеднички цели. Далеку е покорисно да дадеме личен придонес во научната дискусија во рамките на комисијата, отколку во јавноста да даваме еднострани политички толкувања и лични желби. Очекуваме плоден дијалог ослободен од политички притисоци и политички агенди со цел да придонесеме во градење на заемно пријателство, вели Ѓоргиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.