Копретседавачот со историската комисија меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев рече дека на средбите со бугарските историчари не се разговара за македонскиот идентитет и јазик.
Ние апсолутно, не дискутираме ниту за македонскиот идентитет ниту за македонскиот јазик, бидејќи во јавноста се создаде една фама дека за тоа се дискутира – рече Ѓорѓиев на ТВ 21.
Тој посочи дека последната средба заглавила на две точки, од кои едната е cар Самуил.
Од наша страна претставувањето на cар Самоил во учебниците да го понудиме, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава: дека е наследник на средновековното бугарско царство, но и дека има тези дека е независно cарство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само на cарство кое ja наследува традицијата на првото бугарско Царство – рече Ѓорѓиев.
Тој додаде дека вториот спорен момент е придавката македонски.
Ние записниците ги потпишуваме на македонски јазик, тие на бугарски. Тука немаме проблем. Главниот проблем е придавката „македонски“ во самиот протокол. Ја употребуваме ние придавката низ дискусијата, но кога ќе треба да ја ставиме на протокол, имаме проблем. Од седмата средба се појави тој проблем, до шестата немаше – рече Ѓорѓиев.
Тој најави дека контакт меѓу двете страни ќе се воспостави во понеделник токму со врска со придавката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.