Драги Ѓорѓиев и Петар Тодоров, членовите на македонско-бугарската историска комисија, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 потврдија дека интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС влијаело на мислењето на членовите на бугарската комисија.
Нема да ги коментирам изјавите на политичарите, тие имаат свој пристап и јазик, ние сосема друг. Се разбира секоја изјава која влијае на јавното мислење, влијае и на членовите од комисијата. Уште повеќе во некои изјави на бугарските колеги беше споменато интервјуто, и дека ние ќе се наклониме кон тоа интервју, рече Ѓорѓиев.
Тодоров, пак, истакна дека интервјуто на премиерот го гледа како начин да „пробие“ на тврдиот став на бугарската страна.
Јас го гледам тоа испровицирано од толкувањето на бугарските политичари, и го гледам на некој начин да пробие. Но таквите изјави предизвикуваат реакции, отвораат дебати, но она што можеше да се примети и дека дебатата отиде во еден друг правец, рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.