Придавката македонски била и ќе биде дел од записниците од состаноците на Мешовитата комисија на македонските и бугарските експерти, изјави за ТВ Канал 5 Драги Ѓоргиев, претседателот на македонската историска комисија.
Тој вели дека на вчерашната средба е постигнат напредеок што се однесува на техничко ниво. „Двете страни остануваат на своите позиции во однос на употребата на придавката. Двете страни се договорија на технички начин да се надмине пречката со потпишувањето на записниците од досегашните состаноци. Придавката македонски беше во употреба и сега е во употреба, ама тие инсистираат во некои случаи да се применува она што е договорено со Преспанскиот договор. На технички начин и нивните и нашите дискусии ќе бидат целосно пренесени во записникот. Тие записници ги потпишуваме согласно договорот, на македонски јазик според Уставот на РСМ и на бугарски јазик според Уставот на Бугарија. Тие инсистираат да не користиме македонска комисија, туку да користиме комисија на РСМ согласно Преспанскиот договор“, изјави Ѓоргиев.
Денеска излезе информација дека Уставното име „Република Cеверна Македонија“, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија.
Ова подоцна беше демантирано од страна на комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.