Ако има парламентарни избори ние апсолутно сме подготвени. Но, ако мене лично ме прашувате мислам дека е добро и неизбежно да имаме локални избори, на тие локални избори очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно, посебно тука во Штип и во Источна Македонија. А, после тоа не би исклучил некое рекомпонирање за тоа што мнозинството на СДСМ е прилично, прилично слабо и на климави нозе, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.
Ѓорчев додаде дека СДСМ во Парламент има без коалициони партнери 29 пратеници, а ВМРО- ДПМНЕ има 40 во моментов, а со коалициони ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници.
Ако ги ставиме на куп сите тие 15 партии кои што ги има СДСМ коалицијата доаѓаат едвај до 62 пратеници, нагласи Ѓорчев.
Ѓорчев појасни дека тема за локалните избори сега која ќе се говори се проблемите по општините, ветено од градоначалниците на СДСМ но нереализирано, но и темата со КОВИД – 19 ќе биде доста актуелна.
Ѓорчев во текот на емисијата потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот. СДСМ со својата неработа создаде единствено пустош низ земјава.
За жал она што го гледам кај Зоран Заев е желба за одмазда, желба за деструкција, уништување на цели семејства, уништување на политички соперник. Ваков зулум како што тој му прави на ВМРО-ДПМНЕ и на десетици и десетици семејства во Македонија 30 години наназад сме немале, појасни Ѓорчев.
Ѓорчев посочи дека кога Заев оди надвор од државата кај држави кои што не сакаат името Македонија да спомнат таму тој оди со раката на срце, се смешка, тогаш е понизен, тогаш буквално моли, проси за било каква помош, за било каква вакцина. А, кога Заев ќе дојде дома, во Македонија тогаш час мед од уста му тече, а позади сцена нарачува свирепи пресуди, измачување на луѓе и уништување на животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.