Поранешниот министер и поранешен амбасадор, Марјан Ѓорчев вели дека најприродна работа е интерпелација во Собранието на Владата, после таквите изборни резултати.
Политичката криза е многу акутна, поради енергетската криза, проблеми со Буџетот, преговорите со Бугарија и нормално опозицијата бара отчетност од Владата. Зборот БЕСА значи многу. Кога сте дале збор и не се појавувате на седница, а не давате објаснување на Фејсбук. Според мене, пратеникот има тројца улога: одговорност пред својата совест, второ е општественото битие пред граѓаните и одговорноста пред партијата што го предложила. Зошто не дојде во Парламентот и да гласа против? Зошто не се јави на Касами. Нејасно е зошто го нема, појаснува Ѓорчев во емисијата „24 анализа“ и смета дека има многи нејасни моменти во одлуката на БЕСА зошто е за пад на владата, „особено поради битката за Тетово, битката за Желино, односите во Чаир…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.