Со месеци Македонија беше земја во која што имаше најмалку вакцини, а најмногу починати од КОВИД пандемијата. Сега кога почна вакцинацијата има огромен број на градови и општини во кои што не се одвива вакцинацијата односно нема вакцинални пунктови, реагира Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Прилеп со 414 мртви се уште нема вакцинален пункт. Струмица со 200 мртви исто така нема вакцинален пункт. Иста е и ситуацијата и во Гевгелија, Крива Паланка, Валандово, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и во многу други места.

Оваа неспособна власт требаше веќе да има отворено вакцинални пунктови во сите овие општини, за да им биде тоа подостапно на граѓаните. Во време каде што балканските земји во секој град, и во секоја општина, некаде дури и во речиси секое село се отвора вакцинален пункт, за жал Македонија крахира со процесот на вакцинација, а граѓаните и народот тоа го плаќаат со изгубени животи.

Одговорност мора да има! Ова е катастрофа на Зоран Заев и Венко Филипче, а цената ја плаќа народот“ – порача тој!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.