Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја гледа оваа 2019 година, како голема надеж и за Македонија, но и за своето позиционирање на политичката сцена, како идна владејачка партија. Претстедателските избори се првиот тест. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во интервју за Прес 24 вели дека на Македонија и треба Претседател кој ќе донесе нова надеж.

Важно е нашиот претседателски кандидат да биде личност околу која ќе се собира опозиционото и растечко незадоволство кон власта на Заев и СДСМ. Ни треба личност која што може да го артикулира тоа незадоволство и личност која што ќе донесе нова надеж во Македонија. Убеден сум Македонија ќе го каже и даде одговорот на владиното фијаско на секое поле за време на претседателските избори, вели Ѓорчев во интервјуто за Прес24.

Албанските гласачи како важен фактор во претседателските избори, според Ѓорчев веќе се свесни дека од ветувањата на власта нема ништо.

Албанците секојдневно се разочаруваат од политиките на Зоран Заев и неговите министри. Многу се вети, а ништо конкретно не се исполни. Последниве недели тоа го повторив повеќе пати во Собранието. Голем број на Албанци на социјалните мрежи ми даваат поддршка и се согласуваат со моите оценки. Во наредниот период уште повеќе ќе зборуваме за лажните ветувања на Заев и СДСМ кон Албанците, затоа што Заев и власта нив ги излажа исто како Македонците и сите останати, вели Влатко Ѓорчев во интервју за Прес24.

Целото интервју ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.