Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска по завршување на манифестацијата во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце изјави дека долги години доаѓа во Пелинце, но дека никогаш немало помалку народ.

Долги години доаѓам на Пелинце и никогаш немало помалку луѓе. На една страна беа претставниците на власта, а народот е на друга страна. Народот си е за Македонија, народот ја сака Македонија. Ќе помине и ова, рече Ѓорчев.

Тој им го честиташе празникот Илинден на Македонците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.