Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од вирусот ковид-19. Срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат, изјави на денешната прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, Cеверен Заевистан имаше избори како во Cеверна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ. Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа – додаде Ѓорчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.