Влатко Ѓорчев, гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, откако најголемата опозициска партија прогласи победа во 12 општини во вториот круг од локалните избори, ги повика симпатизерите на најголемата опозициска партија да се радуваат но да не слават еуфоручно.

– Да се радуваме, но да не славиме еуфорично. На 110-то место сме по корумпираност, имаме 7.000 починати од корона, не знаеме за две недели дали ќе имаме струја, рече Ѓорчев за „Сител“.

Ѓорчев додаде дека Данела Арсовска води со 20.000 гласа пред Петре Шилегов во трката за Град Скопје, додека во Карпош опозиционерот Стевчо Јакимовски има мало водство и дека би требало пдооцна да прогласи победа.

Од опозициската партија велат дека водат во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче и Лозово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.