Оставката на директорот на затворот Ѓоко Котевски, пристигнала на Илинденска бр.2. Но, тој ќе биде разрешен по изборите, објави „24 мк“.
Инцидентот во кој беа натепани Мире Јанакиески и Спире Ристовски се случиле поради пропусти на безбедносните протоколи. Ова се неофицијалните детали од Извештајот којшто затворската управа го подготвувала четири дена и се уште се чува во тајност. Се најавуваат дисциплински постапки за 11-мина вработени во затворот во Шуто Оризари.
Опозицијата бара и политичка, но и кривична одговорност од власта за инцидентите и расветлување на заканите од осудениците од Диво Насеље. Министерот Оливер Спасовски одговори – полицијата веќе работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.