Човекот што бараше евро за него и евро за ВицТо, кодоши кај Американците дека тој и министрите не биле корумпирани, ама Ратка од шалтер во некој државен завод била матицата на корупцијата.
Малку има градоначалници што лапаат мито врзани со урбаната мафија? По Скопје се гледа во што го претворите од корупција. Не само од денес. 30 години наназад.
Во меѓувреме слушам фрчеле и закани преку курири пратени од првиот лекар кон колеги негови кои се против вакцинација на се што лази и гази под присила.
Проѕирни станаа и оние кои лапаат пари за да прават пропаганда за топтан вакцинација и поддржуваат нацистички методи на дискриминација на невакциниранте.
Нив ќе ги препознаете по објавите на фејсбук и твитер. Сега се пуштени на најјако. Вакцинирај се! Не еднаш! Многу се прават паметни и загрижени. Ѓоа сите ќе умрете ако не примите вакцина, ревакцина, па сега по ново и ревакцина на ревакцината.
Не бе Зајче, нема корупција кај вас министрите и лекарите кои се ваши мегафони во смејуријава со вакцинацијата, нема корупција во образованието и платените стручњаци кои го голтаат ко Зоки Фаци за љубов на Мила. Само Ратка е проблемот. Ратка од шалтерот, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.