Сакам да ви се заблагодарам најнапред од срце за сесрдечната поддршка која секојдневно ја добивам од ваша страна за подадената рака од ваша страна цел изминат период и да ве замолам сите останати без разлика на политичка партија, без разлика на вера и нација да ни се приклучите во наредниот период затоа што треба сите заеднички како граѓани на општина Кисела Вода да ги заокружиме промените на 17 октомври – рече Орце Ѓеорѓиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода во изјава пред просториите на општина Кисела Вода.
Тој укажа дека со својот тим има програма која како што рече „има целосен опфат за сите категории на наши сограѓани, односно во неа има проекти и за најмладите и за средните генерации, но има и за највозрасните“.
Ве замолувам истата да ја погледнете бидејќи 4 години наназад нашата општина не само што има стагнација, туку и има и назадување. Време е сите заеднички како граѓани на општина Кисела Вода да ги донесеме промените, да направиме реализација на нови крупни проекти кои ќе значат промена на условите за живот овде во Кисела Вода за сите наши сограѓани – кажа Ѓеорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.