Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за состојбата во образованието каде посочи дека тие како независен синдикат пробале на сите можни начини да воспостават контакт со министерката за образование и наука, Мила Царовска но таа целосно ги изигорирала како да не постојат

-Ги искористивме сите демократски начини на комуникација и пробавме да воспоставиме контакт во повеќе наврати со министерката Мила Царовска но буквално бевме и изгнорирани како да не постоиме. Нашите барања како независен синдикат е првично иделогоијата поради кое е настаната овој синдикат е да се воведе департизација во секторот образование. Во делот на платите ние имаме за прв пат доцнење на платата, никогаш плата не се исплатило на 10 во месецот, во колективнио договор многу јасно стои. Исто така е и коефициентот, наставникот има коефициент 2.5, а се исплаќа плата по коефициент по 1.7 и е голема разлика бидејќи на наставникот му се нарушуваат работничките права со ненавремено и нецелосно исплаќање на платата според коелктивнио договор, рече Гиевски во своето гостување



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.