Министерот за здравство Венко Филипче ги замоли граѓаните да се воздржат од собирања, бидејќи на тој начин најбрзо се шири заразата со ковид-19.
Филипче рече дека токму приватните собири се причината за зголемениот број на заболени пациенти со ковид-19 во изминатиов период. Последната зголемена бројка е од семеен настан во Чаир, каде има 20-тина заболени, и во Тетово и околината на градот, каде штое Комисијата за заразни болести утврдила дека има зголемен ризик од зараза и утре ќе оди на увид специјалист од инфективна медицина.
Во Тетово огромен број беа од веќе познати заболени, така што сѐ е во рамките на тие кластери. и замолувам граѓаните да се воздржат од собирања. Не можеме сами да се бориме, здравствените работници не можат сами да се борат. Мора да се почитуваат мерките инаку ќе се вратиме на почетокот. Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена“, кажа министерот.
Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.