Ги гледиме тековните случувања.

Ова е „опширниот“ одговор на Европската Унија  за образложението на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој денеска не се појави на денешната седница на која требаше да се гласа за недоверба на владата.

„Република“ ја праша портпаролката на ЕК Ана Писонеро дали е точно дека пратеникот на Беса од високи дипломати на ЕУ добил сигнали дека Македонија ќе добие датум за преговори и оти затоа не се појавил во Собранието. Ја прашавме Писонеро кои се тие димпомати и дали навистина ќе почнеме преговори.

На сето ова од неа добивме одговор дека ја следат ситуацијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.