Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија ги повика сите граѓани во Македонија масовно да излезат во вториот круг од локалните избори затоа што тоа е клучно за падот на владата на Зоран Заев.
Продолжуваме веднаш со работа, ќе продолжиме и после 31-ви октомври, тоа е стилот на работа на ВМРО-ДПМНЕ, ги замолувам и повикувам граѓаните масовно да излезат, затоа што масовноста во вториот круг е клучна за да падне владата на Зоран Заев, рече Николоски.
Николоски им порача на граѓаните да излезат во вториот круг, да гласаат и да не подлегнуваат на притисоците, заканите и поткупот од страна на власта, затоа што ново парламентарно мнозинство ќе има набргу, а владата на Заев е во распад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.