Заев рече дека ако ги изгуби локалните избори и Скопје дека ќе си даде оставка. Имавме поднесување оставка на премиерот, не беше понудена, туку соопштена на официјална прес-конференција. Оставката беше јасно образложена како прифаќање на одговорноста за изборниот пораз кој сите знаеме дека е голем и практично дебакл за СДСМ и јасно изразена политичка волја на електоратот, изјави за „Само вистина“ на Канал 5 новинарот Бранко Геровски.
Геровски истакна дека тоа што понатаму на Заев му следува е процедурална егзекуција на неговата јасно изразена волја ако држи до неа и покрај битката за мнозинството бидејќи граѓаните си го кажаа своето.
Во моментот битката за мнозинството стана понеизвесна, но со пратениците не се знае, како што рече Трајанов „берзата е отворена“. Како и да е до четврток ќе имаме расплет ќе знаеме дали владата на СДСМ ќе остане или Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја паднат владата. Изборите не беа само локални беа малку повеќе од тоа, тие беа и референдум за или против СДСМ, и на тој референдум Заев загуби, вели Героски.
Според Геровски изборите се одмерување на изборното расположение и тоа е многу важно и токму затоа предвремени парламентарни се објективност која ќе се случи.
Кога ќе завршат избори логиката е во тоа да се спроведе волјата на гласачите, вие не можете да одите против таа волја. Се гледа дека Заев нема поддршка кај електоратот, нема легитимитет, нема моќ и сила, влеи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.