Заев е опседнат со „другата страна“. На која гледа само насилници и криминалци, пишува Бранко героски на својот фејсбук профил.
Кај „првата страна“, неговата, гледа само прогресивни и фини типчиња, на кои им фали само малку поголема „достапност“.
Голем лажго е овој Заев, другарчиња!
Не зборува тој за никакво обединување!
Тој знае само да го дели народот!
За жал, тоа го прави и во ова писмо. Во кое божем признава дека СДСМ греши и учи. А пак се обидува да ја протне тезата дека народот е тој што згрешил.
Ништо Заев не учи и нема ни да научи.
За две недели, ќе го стаса нова казна. После која за него веќе нема да има поправен испит.
Го упропасти СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.