Забрчанец шири лажнa вест, вели новинарот и уредник Бранко Героски, коментирајќи го интервјуто на националниот координатор за комуникации, за „Слободен печат“, во кое тој тврди дека целосно искоренета е праксата која била забележана во времето на Груевски, да се етикетираат и омаловажуваат медиуми од највисоки владини претставници.
Ова е лажна вест. Таа пракса не е целосно искоренета, како што тврди Забрчанец. Напротив.
Еве доказ од непристрасен набљудувач. Во извештајот на Репортери без граници за состојбите во медиумите во Македонија во 2020 година се вели:
„Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми…“
Значи, да повторам, овде се вели: „Високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми”. Тоа е целосно спротивно на исказот на Забрчанец!
Јавно ги повикувам сервисите за проверка на факти, кои се помогнати од странски фондации и организации, да ја нотираат оваа лажна вест и манипулација и за тоа да ја известат јавноста.
Ако се потребни други докази за притисоци на претставници на актуелната власт врз медиуми и врз новинари, стојам на располагање.
Ги повикувам и другите новинари и медиуми кои се соочуваат со такви притисоци јавно да сведочат и да се спротивстават на лагата дека оваа власт го толерира критичкото мислење, потенцира Героски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.