Осврнувајќи се на интервјуто на Александар Кирацовски, кој за „Фокус“ зборува за неговата улога во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, новинарот Бранко Героски, кој прв ја откри аферата, вели: Вистината е како шило.
Цитирајќи го поранешниот генерален секретар на СДСМ, Геровски потсетува дека фактите што тој ги изнесе за овие настани, во најголем дел и институционално се потврдија, а сега и самиот тој ги потврдува.
КИРАЦОВСКИ ЗА “РЕКЕТ” ВО “ФОКУС” – ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ФАКТИТЕ КОИ НЕКОГАШ БЕА НЕГИРАНИ. А ВИСТИНАТА КАКО ШИЛО…
Кирацовски за “Фокус” ги интерпретира фактите за неговата поврзаност со актерите на аферата “Рекет:
“Во интерес на јавноста и за волја на вистината која ја споделив со надлежните институции, сакам да изнесам неколку факти кои досега не се спомнати, а беа предмет на извртување. Прво, господинот Силјан Мицевски е мој сограѓанин и одамна мој пријател, додека претставниците на Меѓународниот сојуз беа случајни минувачи и во мојот и во неговиот живот, кои без да тврдам одредена намера, направија голема штета. Второ, мојата единствена допирна точка со тој случај е кога г-нот Мицевски ми се обраќа со цел решавање на институционален проблем, што можеби бил и главна причина зошто проектот не го реализирал. Трето, јас присуствував на официјален состанок во седиштето на Општина Битола, по замолница од претставниците на ГП Пелистер, каде бев сведок дека од сите страни има интерес да се реализира тој проект во рамките на законските одредби.
Ако тогаш увидев и ронка обид за незаконити дејствија, немаше ни секунда да се двоумам да укажам и пријавам. Сепак и денес сметам дека голем дел од личностите кои беа дел од Меѓународниот сојузот, а се истакнати општественици, амбасадори, судии и сл., имале добри намери и чиста мисија. Што тргна по зло и зошто овој случај медиумски го поврзаа со озлогласениот обид за спас на Орце Камчев, па доби сосема друга димензија, тоа нека утврдат институциите и јавноста. За мене оваа тема е завршена и е во рацете на институциите кои треба да ги дадат сите одговори, а јавноста да биде информирана.”
ПС. Кој има желба, нека се потсети на фактите што ги изнесов за настаните за кои зборува Кирацовски. И кои во најголем дел и институционално се потврдија. Сега и тој ги потврдува. За интерпретацијата на Кирацовски и за мотивите ,нема да коментирам, ако за тоа не се укаже потреба.
За потсетување, откако Героски пишуваше за „Коки, Кики, Фрики…“, и како „Кики“ имал состаноци со „една градоначалничка“ и „бизнисмен“, доби силни притисоци од Кирацовски да „ја објасни неговата позиција“. За време на постапката, а сега и лично од Кирацовски, се потврди дека тие состаноци се случиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.