Tврдењето на Бујар Османи дека со барањето Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав Бугарија се откажува од тезата „еден народ, две држави“ е лага и груба манипулација, смета новинарот Бранко Героски.
Патоказот со пет плус едно прашање како можно решение за спорот вчера беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.
Бугарските медиуми веќе објавија дека Протоколот треба да содржи правно обврзувачки гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Најважната точка ќе биде македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, за да се запре фалсификувањето на историската вистина.
Пред неколку недели Заев изјави дека Уставот ќе се отвори пред влезот на Македонија во ЕУ, а пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побара реципроцитет, одснсно и Македонците да влезат во бугарскиот Устав.
Петте точки плус една Бугарите како етничка заедница да бидат спомнати во нашиот Устав е нешто кое низ периодот пред нас, немаме проблем да го вградиме пред полноправното членство во ЕУ, посочи денеска премиерот Зоран Заев.
Прашањето на краткото име, прашањето на говорот на омраза, на рехабилитација на жртви на комунизмот, на работата на историската комисија, прашањето на немешање во внатрешните работи на Република Бугарија на кое што се надоврзува и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот, се петте точки кои се постојана тема на разговорите со Бугарија и во рамки на обидот за одржување на меѓувладината комисија и надминување на спорот со цел деблокирање на пристапните преговори за земјава. Барањето за вклучување на бугарската заедница во Уставот не е спротивно на нашите интереси, бидејќи земјава никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Македонија, истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање во врска со патоказот со пет плус едно прашање, кој како можно решение за спорот вчера на самитот во Брдо беше споменат и од високите претставници на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.