Начинот на кој премиерот Заев менаџира со кадрите не е добар и тоа брзо ќе предизвика дефицит на сериозни интересенти за водечките позиции во владата и во јавната администрација. Петар Атанасов сакал да биде министер за образование и бидејќи не го избрале, човекот си заминал. И тоа, како што читам, сега му се есапи за зло. Читам и не ми се верува. Па Петар бил ваков, па онаков… Ма будали едни, недоквакани!Па каде ќе најдете денес човек што сака да биде министер и со љубов да се посвети на својата идеја како треба да се реформира секторот што го води?, пишува новинарот Бранко Героски за Плусинфо осврнувајќи се на реконсртукцијата на владата и како целиот процес беше изведен од страна на власта.
Премиерот прво го понижи Тевдовски – го „измете” па му вети советничко место – за потоа да сфати дека неговата намера да биде и премиер и министер е спротивна на законот. Како и да е, Тевдовски и на заминување демонстрираше личен интегритет, одбивајќи ја непристојната понуда да му биде советник на Заев и изјаснувајќи се дека се враќа на Економскиот факултет, додава тој.
Целата колумна може да ја прочитата тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.