Нема ден Зоран Заев да не ни покаже дека навистина не е човек на кого може да му се верува. Жал ми е што морам тоа да го кажам, да повторам всушност, но и јас веќе не му верувам, пишува во својата најнова колумна уредникот на порталот „Плусинфо“, Бранко Героски.
Во јануари годинава, на пример, човекот тврдеше дека придавката „македонски“ е идентитетска и дека нема ограничување за нејзината примена. Сега, опоменат од Атина за банална работа, тој јавно изјави дека згрешил што ја употребил придавката „македонска“, именувајќи ја нашата фудбалска репрезентација. Кога излажа Заев, во јануари или сега? Или и тогаш и сега? Али Ахмети пред два дена ни кажа дека Заев подготвува промена на химната, на грбот и на знамето.
Заев „демантираше“ дека разговарал со Ахмети за таа работа. Внимавајте ваму: не ни кажа човекот дали – додека дише, нели – ќе се фати за химната, за грбот или за знамето. Само вели дека не разговарал со Ахмети за таа работа. Он со нас се мајтапи? Нè есапи за будали? Јас мислам дека Ахмети не нѐ излажа. И дека Заев навистина планира да ја жртвува химната, а богами ќе се потруди да ги смени и грбот и знамето. Од каде го знам тоа? Од Бујар Османи, на пример, Заевиот министер за надворешни работи – пишува Героски.
Героски се сомнева дека Заев ветувал се и сешто во досегашните разговори со Бугарија.
Тој укажува дека во зборувањето на Заев не постои конзистентност, често дури ни елементарна логика или идеја.
Сте играле ли шах со мајмун? Не, се разбира. Ако се обидете, мајмунот ќе ви ги краде фигурите, ќе ја растура таблата, ќе ви се подбива… Во таква игра, вие, едноставно, немате шанса – пишува Героски.
Целата колумна на „Плусинфо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.