Новинарот Бранко Героски, кој ја откри аферата Рекет, најавува продолжение на аферата Рекет 2, кое ќе го објави на порталот Плусинфо денеска во 15 часот.
Го пренесуваме неговиот статус објавен на Фејсбук.
Утре во 15 часот на порталот Плусинфо.
Зошто премиерот Заев врши јавен притисок врз истрагата за случајот „Рекет 2“? Зошто го прејудицира нејзиниот исход?
Што изјавила заинтересирана странка во Јавното обвинителство? Дали е исплаќан редовен месечен рекет, затоа што сопственикот на „Диамед“ добивал закани дека ќе му се случи „црно сценарио“?
Кој е посредникот, „човекот со брада“?
Дали бранејќи го Ден Дончев, како што своевремено ја бранеше Катица Јанева за аферата „Рекет“, Заев повторно е во офсајд?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.