Со денови, со недели Максо бара цело Куманово да биде ставено во карантин. Никој не го слуша. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска сега дава „експертско“ мислење дека тоа барало многу ресурси и дека нема да помогнело, вели во новата колумна новинарот Бранко Героски.
Е да… Сега да, сега веќе ништо не може да помогне. Сега работата полека ви излегува од контрола, другарки и другарчиња.
И така, Македонија привремено ќе биде земја во која премиерот, вицепремиерот кој е лекар и министерот за здравство кој е лекар, како и двајцата лидери на најголемите политички партии, покрај градоначалници и пратеници, или се во изолација поради сомневање дека се заразиле со опасната болест, или, не дај боже, веќе се позитивни.
А ме напаѓавте, другарки и другарчиња, ја пуштивте на најјако вашата малоумна пропаганда, кога пред една недела, во колумна, на ова место, јавно предупредив дека ние имаме сериозен проблем и кога го нагласив следново: „Да бевме нормално општество, кое не мора баш да блеска, туку само да функционира на некакво ниво на примарна организираност, за државните раководители и за водечките политички личности ќе имавме посебни протоколи за однесување во вакви екстремно кризни и опасни ситуации“.
Го поставив и следното прашање: „ Дали комисијата од епидемиолози, на чие мислење Филипче постојано се повикува, предложила некаков протокол за државните раководители и за водечките политички личности?“
Наместо да добијам одговор и ова предупредување барем некој да го сфати сериозно, бев изложен на потсмешливи коментари. Во меѓувреме, неодговорната променада на клучните личности по прес-конференции, на средби на разни нивои, ашкањето „на терен“ и безбројните телевизиски интервјуи секоја вечер – како за инает! – продолжија со несмалено темпо.
А јас и ова прашање го поставив пред една недела: „Што ќе се случи ако се утврди дека се суспектни и премиерот, некои од министрите, можеби дури и самиот министер за здравство? Кој ќе раководи? Кој ќе биде одговорен?“
И ете, се случи токму тоа што го предвидов! Што правиме сега?
Не ви иде памет, другарки и другарчиња!
Целата колумна прочитајте ја на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.