Новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил, повторно посочи нови детали за аферата „Рекет“ што ја тресе Македонија. Героски алудира на тоа кој ги украл снимките, но и кој знаел за рекетот. Не ги открива идентитетите на вмешаните, туку посочува дека тоа не бил Бекам алудирајќи на фотографијата на Боки 13 и Бекам што се врти во јавноста.
Колку што знам јас, Бекам не украл од УБК компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички и потоа не убедувал роднина на бизнисменот да плати рекет кај Боки во вид на… Ај да оставиме детаљите други да ги откријат. Важно, рекетот е уредно платен.
Колку што знам јас, во мобилниот телефон на Боки не е откриена порака од Бекам со содржина: Многу си го обрал, друже!
ж
Пратеникот Антонио Милошоски смета дека кодираните објави на новинарот Героски, заедно со дојавите од другите социјални мрежи, даваат сериозни индикации за злоупотреба на службената положба од страна на висок функционер во МВР (сопруг на пратеник од СДСМ во Собранието), со злоупотреба на прислушкувани снимки од СЈО/УБК за изнуда на големи пари од бизнисменот Фиат Цаноски, преку проектот „Рекет”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.