Не, нема да му се извинам на СДСМ за Боки, туку СДСМ ќе им се извини на членството и на симпатизерите!- напиша Бранко Героски на својот Фејсбук профил.
Саше будалетинката бара да сум му се извинел на СДСМ за „клеветите” дека Боки 13 дејствувал „заедно со власта”. Настрана што тоа никогаш не сум го кажал… Погледнете го колажот од фотографии и веднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини. Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дефинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел. Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат…- пишува Героски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.