Новинарот Бранко Героски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, вели дека не се сеќавал во минатото да има нарко трговија директно поврзана со Извршната власт, за разлика од сега.
Не се сеќавам кога сме имале нарко трговија поврзана со луѓе од извршната власт, сега имаме. И тоа треба да го кажеме отворено и тоа се гледа од фактите, а тоа го регистрираат и другите независни посматрачи. Не се сеќавам да сме имале толку многу сериозен проблем со кражба на идентитети и доделување лажни пасоши, што е многу сериозен криминал од аспект на квалитетот на државата, вели Героски.
Героски истакна дека очекува во наредниот период да излезе уште една голема криминална афера која е поврзана со криумчарење на мигранти од страна на една личност која е дел од извршната власт.
Таа е многу сериозна афера затоа што станува збор за кражба на постоечки, вистински идентитети. Имаше сериозно предупредување дека би можел да биде загрозен, и тоа е сериозен криминал. Имаме сериозен проблем со трговија со мигранти низ Македонија и јас очекувам во скоро време да бидат обелоденети во скоро време такви некои инсајдерски информации дека наскоро би можеле да бидат обелоденети и детали во врска со личности од извршната власт поврзани со трговија на мигранти, конкретно на една личност. За жал во Македонија имаме такви криминални појави во кои се вмешани директно луѓе кои се најповикани да го спречат, на пример на полициски командири, вели Героски.
Героски е дециден дека именувањето на Љупчо Николовски за министер за борба против криминалот и корупцијата и носење на некакви си акциски планови не се доволни за да се реши проблемот со криминалот.
Ние имаме сериозни проблеми со корупцијата и криминалот. И апсолутно недоволно се справуваме. Вие ако именувате лик кој што ќе се вика за борба против криминал и корупција и ако донесете некаков план како за прва петолетка, за втора петолетка и ако мислите дека тоа е решение на проблемот, тоа не е така. Решението е конкретна и директна акција и секојдневна борба, нагласи Героски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.