Европејциве биле „шупци“, Бугарија ја убивала Македонија… Малеее, се претера и пропагандава на Заев! – коментира новинарот Бранко Героски.
Неговиот фејсбук статус доаѓа како одговор на денешната колумна на Сашо Ордановски, голем поддржувач на политиките на актуелната власт, насловена како Нашите мили Европејски шупци!
За тој евро-интегративен живот станува збор, што не можете да го игнорирате, а барем повремено го уживате, и покрај сите умислени, лажливи, игнорантски, самозадоволни шупци од Европската Унија кои со години неуморно и упорно настојуваат да ни ја уназадат нашата и овдешната перспектива на нашите деца, до таму што, почесто одошто не, се прашувате што ќе ни е целото понижување и константно потценување за да нѐ примат во нивниот морално распаднат и неправеден, наводно „ексклузивен клуб“ на нации?! … А, потоа, одвреме-навреме, макар и поретко одошто ние би сакале, ќе проблесне некој добар европски проект или фонд, некоја идеја, инвестиција, некаква искрена помош со која сакаат да нѐ оправат во области во кои ние ни со гол газ не би ја погодиле водата дури и ако среде езеро случајно паднеме во неа. Мислиш дека сѐ знаеш, додека не сфатиш дека тие се, главно, многу подобри од тебе во тоа што тие го знаат и прават, до таму шти и децата би им ги пратил кај нив да учат, да се вработат, да живеат, додека ти овде нив ги пцуеш низ заби. – пишува Ордановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.