Ништо ти не си разбрал, другарче Зоран Заев!

Да, точно е, народот македонски вчера ти испрати порака. Жестока порака, силна, јасна и прецизна. Ама ти ништо не си разбрал. Ама баш ништо!

Кој заеб…

Ова во последната колумна за „Плусинфо“ го пишува уредникот Бранко Героски.

Со часови чекав да го слушнам твојот говор после дебаклот на СДСМ во првиот круг од локалните избори, му порачува тој на Заев.

Те чекав до еден ипол сабајле, во ниедно време што се вели, да ве видам тебе и твоето хорче од скиселени фаци, да слушнам каков спич ти стокмиле шарените другарчиња.

Го видов и другарот Венко, стутулен во дуксерче.

И другарот Оливер, набрекнат во фацата ко корнишон.

И Љупче Путеро од зад грб.

А кај ти беше Радмила Шеќеринска? Неа не ја ни очекував. Рада знае каде (не) ѝ е местото. Бира друштво, нормално …

Не видов никого и од твоите кандидати за градоначалници.

Ги упропасти, човече!

Цела кампања вревиш на бината. Гласот го искина. Се грчеше во твоите наместени насмевки. Киптеше од нервоза. Ни кажа дека сите сме ти криви. Ни се закануваше. Нè испоапси. Ни пресуди. Со еден збор, мамето мамино ни го …

Да потраеше уште малку кампањава, мајките децата ќе ги плашеа со тебе. Молчете и спијте деца, сега Заев ќе се појави на телевизија. Hannibal ante portas!

И што со тоа? Што ќар видоа од тоа СДСМ, кандидатите, коалициските партнери?

Никаков. Голем заеб, другарче.

Целата колумна на Героски тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.