Новинарот Бранко Героски, кој во јавноста откри голем број детали од случајот „Рекет“, смета дека двата договора кои ги потпишал Сојузот со градежните фирми се манипулативни. Во изјава за „Канал 5“, Геровски вели дека клучното прашање е каде се парите.

Ова што го видовме, овие договори, овие случувања околу тие договори, сепак укажуваат на сомневања за сериозни криминални дејствија. Јас мислам дека и Финансиската полиција и Управата за јавни приходи веројатно многу брзо ќе си го сменат мислењето, смета Героски.

Героски порачува органите на прогонот да не спијат и да ги проверат сите шпекулации за можна вмешаност на институциите во рекетот.

Ја прочитав таа изјава дека ниту еден член на Меѓународниот сојуз до овој момент не е повикан од страна на истрагата, но по овие изјави, особено по изјавата на една од жените која буквално зела пари за да ги даде на друг, неспорно е дека истрагата ќе мора да ја повика да каже на кого ги дала парите, неспорно е дека тие пари ги нема, на струшкиот бизнисмен од „Дрим билдинг“ парите не му се вратени, вели Героски за „Канал 5“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.