Каде се „бардовите” да го бранат Боки сега, кога добива закани да не зборува, оти ќе биде убиен?, прашува на Фејсбук новинарот и уредник Бранко Героски.

Адвокатот Сашо Дукоски потврди дека вчера пред давањето исказ во Јавно обвинителство имало закани кон Бојан Јовановски од неговиот телефон. Непознат машки глас околу 10 часот и 50 минути се јавил на мобилниот телефон на Дукоски и почнал да се заканува и да го навредува Јовановски.

Ми рече нека пази добро што зборува таму каде што е дојден. Соговорникот, чиј глас не ми е познат, зборуваше чудно – вели Дукоски за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.